Мицкоски: Нов увоз на струја и ново авансно „херојско” плаќање, за само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември, ЕСМ ќе увезе струја во вредност од околу 4.200.000 евра
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи напиша дека продолжуваат во владата „хероите” со „херојските дела“ во енергетиката. Нов увоз на струја и ново авансно „херојско” плаќање. За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември, ЕСМ ќе увезе струја во вредност од околу 4.200.000 евра.
„За само еден месец, од 7-ми ноември до 7-ми декември „хероите” во владата увезоа струја за точно 32.955.084 евра или за повеќе од 1 милион евра на ден. Доколку работеше ЕСМ како што најавуваа „хероите” во владата со трите блока во Битола и едниот блок во Осломеј, или ако трансформаторот во Битола стигнеше како што најавуваа на 1ви Ноември, овие пари немаше да се потрошат на увоз на струја. Ќе имаше повеќе за студентски оброк, за земјоделците, ќе имаше повеќе за градинки, улици, паркови и училишта“, напиша Мицкоски.
Тој дури укажа дека наместо од власта да произведуваат, увезуваат за авансни „херојски” провизии. Доаѓа денот на одговорност кога „херојските” авансни провизии ќе им бидат претешки.
Линк од фб статус: