Апел за помош за уставобранителите: На семејствата им дојде опомена за три дена да платат по повеќе од 2.000 евра судски трошоци
Власта им зададе нов удар на уставобранителите од настаните од 27 април. На нивните семејства им се испратени опомени за наплата на судските трошоци за судскиот процес против нив. Сумата за наплата е голема, 135 000 денари односно по повеќе од 2,000 евра и дел од нив немаат средства да платат.
Затоа на социјалните мрежи има апел за помош бидејќи рокот за плаќање е три дена, односно до петок.
Се повикуваат сите кои се во можност да помогнат бидејќи во опомената пишува дека „неисплатениот износ на паричната казна ќе биде заменет со затвор“.