148 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков
На 18 ноември во 1874 година во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација.
Во 1903 година ја издал книгата „За македонцките работи“, која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ.
Во 1905 година, во Одеса го издавал на македонски јазик, весникот „Вардар“.
Умрел во Софија, во Бугарија, на 26 јули 1926 година.