Според Борисов законот со кој фашистичките имиња мора да се сменат ГО ПОПРЕЧУВАЛ ДОБРОСОСЕДСТВОТО

Направивме добра работа во Националното собрание за да го отвориме патот за Северна Македонија и Албанија за влез во Европската Унија. ГЕРБ ја заврши оваа работа како што се обврзавме. За жал, после тоа се случи инцидентот со националната химна на фудбалскиот натпревар. Ова создаде тензија во Бугарија, му рече лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на средбата со министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи, објавија бугарските медиуми.

Тој на Османи му посочил и дека има бурни реакции за Законот за политички партии и движења, кој го попречувал добрососедството.

– Наш совет е законот да се испрати до Венецијанската комисија. Не е наша работа да се мешаме, но поради него има тензија во бугарското општество. Сето добро што го имаме може да се изгуби за миг, рече тој.

Борисов смета дека треба да се прекине со провокативните акции.

Борисов потсетил дека победил на изборите и истакнал дека Бугарите биле најблиска нација до Македонија.