Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој е заразен со Ковид-19 изјави – Короната е како дожд, сите на крајот ќе бидат мокри

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој е заразен со Ковид-19, ја спореди  болеста со дожд, наведувајќи дека на крајот сите ќе бидат мокри.

Болсонаро, кој од почетокот на пандемијата коронавирусот го нарекуваше „малечок грип“, рекол дека не е изненаден што се заразил. Тој наведе дека во понеделникот осетил болки во мускулите, грозница и малаксаност.

Додал дека неговите симптоми се благи и дека се чувствува добро, пренесе „Би-Би-Си“.

Болсонаро вели дека е уверен дека брзо ќе закрепне од Кови-19 благодарение на лекувањето со хидроксихлорохин, антималарик но не е потврдено дека ефикасно ја лекува заразата.

Тој навел дека почувствувал болка во мускулите, грозница и малаксаност, рекол дека веќе во вторник му било подобро заради хидроксихлорохинот.

Тој на Фејсбук објави и видеозапис на кој се гледа како тој ја зема својата трета доза хидроксихлорохин, лек кој исто така го промовираше американскиот претседател Доналд Трамп.

https://www.facebook.com/jairmessias.bolsonaro/posts/2003242103158099