Власта на СДСМ тепа пациенти!?
Венко Филипче и Беким Сали, набавката на лекови од клиниките и институтите ја преземаа во своја надлежност, во надлежност на министерството за здравство, па така, сега на Институтот за трансфузиона медицина нема основни медикаменти.
Во меѓувреме, директори на институти и клиники вербално и физички напаѓаат пациенти, а никој не реагира?!
Инаку Институот за трансфузиона медицина нема доволно медикаменти, односно има само за пациенти кои се во животозагрозувачка состојба. За оние на кои им требаат лекарства за да им се продолжи животот и да имаат поквалитетен живот и покрај сериозна дијагноза за нив нема лек.
Или има лек ако граѓаните се пред умирање, па ако им помогне во ред, а за оние кои имаат сериозни дијагнози и сакаат да се лечат и на кои лекарите можат да им го продолжат животот нема!