Бугарите ќе формираат и партија во Македонија????
По неколку здруженија, Бугарите во Македонија најавуваат и формирање на политичка партија. Ќе се вика „Алијанса за македонските Бугари-движење за национално единство и Спас“.
Засега функцинира како неформално движење и на Фејсбук поставува објави во кои се потенцира за правата на Бугарите во Македонија, нивната бројка, резултатите од пописот и сл…
Ова движење брза да регистира политичка партија бидејќи со измените на Законот за политички партии кои веќе влегоа во собраниска процедура и кои се поддржани од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе биде многу тешко да бидат впишани во регистарот на партии.
Како што предвидуваат измените политичките партии во своите програми, имиња, статути и обележја, нема да можат да бидат насочени кон разгорување на национална расна или верска омраза, етничка нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, ширење или поддршка и промоција на фашизам, нацизам, национал – социјализам или Третиот рајх или повикување на личности и настани поврзани со фашизам нацизам, национал -социјализам или Третиот рајх.