Владo Мисајловски: Важно е сите реални проблеми да ги решаваме да направиме обнова на Македонија

Важно е овојпат да излезете и да гласате за проектот „Обнова“. Важно е бидејќи ветуваме илјадници проекти, во ова читанка наречена „Проект Обнова“ ќе најдете проекти во инфраструктурата, во здравството, земјоделието, образованието и науката, а важно е сето тоа да го обновиме, порачува носителот на листа во ИЕ 2 од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

-Важно е сите реални проблеми кои ги имате секој ден како ние да ги решаваме. Знаеме како да работиме, ние се обврзуваме дека сите ваши проблеми ќе ги решиме, како да ја обновиме оваа животна средина, како да имаме повеќе инвестииции во животната средина. Како да стигне гасификација до секое едно семејство. Како да направиме многу локални патчиња, да направиме нови експресни патишта, како да направиме нови регионални патишта. Како да направиме нови четити клинички центри. Сето тоа може да го најдете во „Обнова“. Затоа е важно да си го вратиме достоинството, да направиме обнова на Македонија, на семејните вредности, на традицијата. Почитуван македонски народе, дајте ни ја довербата, излете и гласајте за Обновата на Македонија. Ние ќе ви ветиме дека нема да ве изневериме и ќе работиме напорно бидејќи го заслужувате тоа, истакнува Мисајловски.

https://www.facebook.com/misajlovskivlado/videos/3093836587328662/