Александар Сорос се сретнал со „северномакедонскиот“ вицепремиер и премиер
Иако нашите медиуми кријат, Александар Сорос, синот на американскиот магнат Џорџ, кој сега ја води фондацијата ,,Отворено општество”, редовно објавува на Твитер кога ќе оствари средба со официјалните претставници на Cеверна Македонија.
Така, вчера Сорос јуниор објави дека убаво си помуабетил со „северномакедонскиот“ вицепремиер Артан Груби.
Разговаравме за #ОтворенБалкан и започнувањето на пристапните преговори со ЕУ, ново поглавје на европскиот пат. Cеверна Македонија е навистина светилник на надеж за Европа и Западен Балкан!, напиша малиот Сорос по средбата со својот добар пријател Груби.
За средбата, пак, со премиерот Ковачевски Сорос јуниор напиша дека му го честитал почетокот на пристапните преговори и го пофалил за поддршката на Украина.