(ДОКУМЕНТИ) Носителот на СДСМ за Тетово СЕ ПИШАЛ АЛБАНЕЦ ЗА ДА СЕ ВРАБОТИ
За да се вработи во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Тетово, акутелниот носител на советничка листа на СДСМ за локалните избори во Тетово, Глигорије Стојановски, во пријавата навел дека е Албанец, бидејќи во огласот било наведено дека истиот е наменет за вработување на кандидати Албанци, дознава Вечер.мк.
Со тоа Стојановски бил вработен со одлука на директорот на ЈУ МЦСР Тетово, земајќи го местото на други кандидати, слика која последниве неколку години откако СДСМ е на власт е се почесто, како Македонци за да се вработат по партиска линија, на огласи се пишуваат како Албанци, Роми или Турци.
Ова било причина кандидатка која извисила и била рангирана подолу на листата, бидејќи Поповски и го зел местото со изјавата дека е Албанец, да поднсе тужба против ЈУ МЦСР Тетово.
Од документите до кои дојде Вечер.мк Апелациониот суд во Тетово ја прифатил тужбата и пресудил дека тужбата на кандидатката која извисила се усвојува и ја поништил одлуката за вработување на тројцата кандидати меѓу кои бил и Стојановски. Понатаму судот го задолжил директорот на ЈУ МЦСР Тетово да распише нов оглас, но и да ги плати трошоците од 63.040 денари.
Судот утврдил дека Глигорије Стојановски, и покрај тоа што навел дека е Албанец за да се вработи на овој оглас, не успеал да ја докаже националноста како Албанец, односно не дал никаков доказ за тоа. Ова било причината судот да ја укине одлуката на директорот на ЈУ МЦСР Тетово.
Со тоа оваа одлука на Стојановски носителот на листа на СДСМ не само што навел дека Албанец, туку оштетен е и буџетот на инситинституцијата.
Целиот текст прочитајте го ТУКА