Уште што остана да исфрлите: Од песната „Во борба, во борба“, исфрлена строфата со Гоце Делчев и „фашистичката крв што се лее“

Скандал на синоќешното отворање на прославата за Илинден од страна на Владата на Ковачевски. Во текот на изведбата песната “Во борба, во борба“ песната беше осакатена, осквернавена, а од неа беше исфрлена втората строфа после првиот рефрен во која се споменува Гоце Делчев и „фашистичка крв се лее“, што претставува спој на борбата на Илинденците од 1903 година и на партизаните од НОБ кои се борат додека над главите знамето на Гоце се вее.

Еве ја целата строфа која беше исфрлена при изведбата:

“Излеговме ние смели партизани,
над нас на Гоце знамето се вее,
во гори, полја и на сите страни,
фашистичка крв насекаде се лее.“

Инаку целата песна, во збирката на Кочо Рацин која посмртно е објавена (Збирката е пронајдена во неговата чанта), а која ја напишал Владо Малески, гласи вака:

А еве ја и синоќешната изведба: