Членовите на СДСМ одбиваат „послушност“ – Не сакаат да одат во Крушево да му дадат поддршка на Ковачевски!
Членови на СДСМ на социјалните мрежи реагираат дека од нивната партија се приморани да одат во Крушево и да му дадат поддршка на лидерот Димитар Ковачевски. Актуелниот премиер годинава ќе биде на Мечкин Камен на централната прослава. Но, се уште не е прецизирано дали тој ќе одржи говор или пак како претседателот Стево Пендаровски и тој ќе нема да се обрати на народот.
Но, со оглед на расположението кое владее кај граѓаните по Договорот со Бугарија и уцените кои власта ги прифати за да почне преговори, речиси никој од членството на СДСМ не сака да оди во Крушево.
Дел од членството пак е револтирано што централата заборавила за нив и дека сега ги бараат за славање и за му го „држат стравот“ на Ковачевски.