На тендер од 10 милиони евра за битумен за Македонија пат, над 4 милиона евра повеќе за транспорт

Само и само од набавка на битумен, набавка од Македонија пат, на тендер од 10 милиони евра, заради крајно високи и непазарни цени во документацијата, постои сомнеж за криминална заработка од над 4 милиона евра.Македонија пат на 9 мај склучила договор за две години со компанијата Топ Билд ДООЕЛ од Скопје, член на група: Хифа Оил од Тешањ – БИХ, како носител на набавка на 9.350 тони битумен. Тоа се вкупно, броено во цистерни 374 цистерни за транспорт по 25 тона битумен, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Цената на битуменот се гледа на берза, и таа е еднаква за сите и изнесува 592евра за тон. Тоа што е променливо и што ги прави промените во цените при набавка, се трошоците во делот за транспорт до оној што го порачува, давачки кон државата и заработка од транспортот. Македонија Пат склучила договор од 1069 евра за тон вкупно, па ако се иземе цената на битуменот од 592 евра, излегува дека трошоците за транспорт се 487 евра за тон. Или помножено со 25 тона, тоа се 12. 175 евра за цистерна, со што вкупно, за сета набавка се добива сума од речиси 4,5 милиони евра за транспорт. За споредба, ЈП Улици и патишта Скопје пред 2 месеца склучува тендер за битумен во која што документација за една цистерна битумен се добива за 1.185 евра, Македонија пат според договорот за 12.175 евра. Тоа се безмалку 11.000 евра разлика во цена по само една цистерна. Набавката е за 374 цистерни, пресметано во пари, тоа е над 4.милиони и 100.000 евра само од разликата во цена меѓу Македонија пат и Улици и патишта од Скопје. Почитувани, цената којашто Македонија пат ја прифатила за да се донесе битуменот е нереална и превисока, и ако се споредува и со други набавки, но и ако се земе предвид реалната цена на пазарот за транспорт, се работи за договор, тендер, по крајно високи и непазарни цени. На тендер од 10 милиони евра, над 4 милиони евра е разликата којашто влегува во заработката. Ова е случај којшто мора да биде испитан, мора да биде отворен од институциите. Постои сомнеж за криминална заработка од над 4 милиона евра. Зошто се прифатени толкави цени, дали се проверени цените на пазарот за транспорт, колкав е уделот за заработка и на крајот постои ли можност цената да е договорена и кој е крајниот корисник на таа разлика во цените? Овие прашања мора да добијат одговор! Македонија влегува од криза во криза, народот е се посиромашен, инфлацијата е двоцифрена на месечно ниво. СДСМ и ДУИ не застануваат со криминал и тоа е единствената спрега за опстанок на оваа ненародна власт.

Нема ден да нема нов криминал од оваа предавничката власт. Додека јавноста е шокирана од предавството и од потписот за прифаќање на асимилација, СДСМ и ДУИ се држат за фотељите само и само за криминал повеќе, додаде тој.