Зоран Иванов со јавни закани до новинарите на „Заспиј ако можеш“ Момироски и Милосављевиќ: „Баш ја чекам вашата бесилка“ 

Новинарот Зоран Иванов, кој заедно со Бранко Тричковски, Ненад Јовановиќ и Катерина Колозова важи за главен апологет и поддржувач на контроверзните одлуки на владата на СДСМ, со јавна закана за новинарите на емисијата „Заспиј ако можеш“.

Иванов во дебата на Фејсбук во пост на Драган Милосављевиќ на новинарот Горан Момироски му пишува дека едвај чека да ја види нивната бесилка и тоа јавно.

Вакви закани кон новинарите на Заспиј ако можеш Момироски и Милосављевиќ не се нови но за прв пат се случуваат од страна на човек кој бил портпарол на влада на СДСМ, директор на државна агенција во време на СДСМ и претседател на надзорен одбор на државната МИА.

Иванов знае дека против Милосављевиќ и Момироски има поднесено две кривични пријави од Агенцијата за разузнавање, а самиот Момироски има уште 5 кривични пријави од власта на СДСМ.

Кој ќе ги беси јавно Милосављевиќ и Момироски, Иванов не кажува.

Апологетот на СДСМ сигурно не мисли на јавно бесење врз основа на досегашните или било кои кривични пријави и најверојатно зборува за некаков друг план кој би се извршил надвор од законот затоа што во Македонија нема законска казна со бесење.

Кој ќе ги беси новинарите на Заспиј ако можеш, Иванов ќе мора да каже и пред соодветните органи на државата кои ги контролира партијата СДСМ која тој ја брани.

За заканите за бесење засега молчат и ЗНМ и МАН и другите организации на новинари и човекови права.