Мицкоски: Промена на учебници и историски факти ни носи протоколот кој толку многу владата го криеше
„Пред да се случи таа вистинска меѓувладина кога треба да се усвои преговарачката рамка има еден дел каде што се вели воведни изјави од страна на македонската Влада и ЕК, барем таму каде што стои дека двете држави ќе дадат унилатерални изјави, не знам каква унилатерална изјава ќе даде Македонија за македонскиот јазик кој што е кодифициран, стандизиран уште на третата конференција на Обединетите Нации од 1977 година во Грција. А, каква изјава ќе даде Бугарија? Зошто тоа не го кажат? Еве и да има трета изјава па ЕК да каже без разлика што да речеме Бугарија не го признава македонскиот јазик или има поинаков третман на истиот. Сите останати 26 членки немаат дилема дека тоа е македонски јазик“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при гостување во централниот дневник на Сител телевизија.
Мицкоски додаде дека во текот на преговарачкиот проце Бугарија не го затвора прашањето за македонскиот јазик.
„Самиот Османи на оној брифинг денеска кажува дека ќе има промена на учебниците, па се повикува на Самоиловото царство итн. се повикува и на други измени кои што треба да ги претрпат учебниците за историја, а до вчера нели Протоколот не беше дел од преговарачката рамка, нели историјата не беше дел од преговарачката рамка, јазикот е чист“, запраша Мицкоски.
Тој посочи дека сето што говореше власта се испостави дека е лага.