ВМРО-ДПМНЕ повикува на масовност на денешниот протест: ПОСЛУШАЈТЕ ГО НАРОДОТ КОЈ ЈАСНО И ГЛАСНО КАЖУВА НЕ!
„Народот кажува НЕ за бугаризација, ВМРО-ДПМНЕ е брана за промена на Уставот и спречува асимилација на народот“, соопштуваат од партијата.
„Ковачевски низ собрание турка известување. Тоа што денес ги тера да гласаат пратениците од СДСМ е обична информација. СДСМ нема мнозинство да го промени Уставот и да ја бугаризира државата. ВМРО-ДПМНЕ е пречка за промена на Уставот и нема да поддржи ништо што е на штета на Македонските национални интереси“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие посочуваат дека „Ковачевски со гласањето денес, само потврдува дека е спремен на сè, само за гола власт, па дури и да ја понижи сопствената држава и да ги загрози нејзините позиции.
Затоа да излеземе денес во 12 часот пред Собрание и да кажеме УЛТИМАТУМ – НЕ, БЛАГОДАРАМ“.