Пендаровски призна дека со предлогот ќе се менува македонската историја во учебниците по желба на Бугарите – ако комисијата не се договори за историските личности, ќе следува вето!
Претседателот Стево Пендаровски гостувајќи во „Клик Плус“ на ТВ21, зборуваше околу договорањето на историските личности со Бугарија и потврди дека доколку нема договор, тогаш следува веднаш вето од Бугарија.
Јавноста реагира што уште еднаш се излажани, и дека за македонскиот јазик и историја не смее да се преговара.
„Комисијата е составена од 7 Македонци и 7 Бугари. Ако се согласат двете страни, тие упатуваат препораки до двете Влади. Двете Влади ако се согласат пуштаат до надлежно министерство до МОН ако зборуваме за учебник, тие си наоѓаат автори. Го акцентирам зборот препорака. На крајот само авторот на учебникот носи целосна одговорност. Тие ќе ја имаа на увид. Ако Комисијата не се договори за историските личности, следува блокада, вето од Бугарија“, изјави Пендаровски.