Блокади низ цела Македонија, во недела нов народен протест
Под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, граѓаните револтирани од францускиот предлог блокираа повеќе патни правци низ земјата.
Од 13 до 14 часот блокирана беше раскрсницат кај Владата на Република Македонија, како и магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп. Протест имаше и пред Владата.
Поради утрешниот празник Рамазан Бајрам кој го прославуваат верниците од Исламска вероисповед утре нема да има протести, а во недела со почеток од 19 часот најавено е за голем сенароден протест пред Владата.