ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ си го брани криминалот со физички напади врз пратениците, Ковачевски да го осуди дивеењето на Арбр Адеми
ДУИ си го брани криминалот со физички напади врз пратениците, Ковачевски да го осуди дивеењето на Арбр Адеми. Адеми да не се крие зад имунитетот и да си поднесе оставка како пратеник, а потоа да одговара за нападите врз пратениците, велат од ВМРО-ДПМНЕ по вчерашниот инцидент во законодавниот дом.
Од партијата нагласуваат дека кога е загрозен криминалот на ДУИ тие обвинуваат за антиалбанство, а тие се само обични криминалци кои ќе одговараат.
-Адеми удираше пратеници со раце, а потоа ги гаѓаше со тврди предмети, со што можеше да го загрози нивниот живот. Тоа што Адеми не погоди никого директно е само случајност и среќа на присутните пратеници, интенцијата на Адеми беше да им нанесе физички повреди и тоа се гледа од снимките. Нападот на Арбер Адеми покажува како СДСМ и ДУИ ја сфаќаат демократијата. Секогаш кога не е како тие што сакаат тие се закануваат и напаѓаат. Но веќе не поминуваат испадите на СДСМ и ДУИ. Со нивните испади во собранието нема да го запрат нивниот пад. Избори што поскоро, се наведува во соопштението на партијата.