Николоски: Бугарија сака да ја смениме историјата, да кажеме дека не ја окупирале Македонија за време на Втората Светска Војна и не ги депортирале Македонските Евреи во Треблинка, Бугарија да го смени своето однесување
Почитувани,
Би сакал да го поддржам извештајот што беше презентиран денеска и мислам дека овие предизвици се, се уште пред нас.
Како што можеби знаете, имаше голема еврејска заедница во Скопје, како и во Македонија во целост, но за жал за време на Втората светска војна, главно, повеќето од луѓето што живееја во Скопје всушност над 90% беа депортирани во Треблинка во тоа време, во логорите на смртта, а сега има мала заедница. Но, изградивме Музеј на Холокаустот, еден од ретките што ги има во Европа, во самиот центар на градот каде што сакаме да им оддадеме комеморација на жртвите.
Една друга работа која сакам да ја поврзам со тоа, но и со сегашните времиња.
Сите знаеме дека Македонија има огромен проблем со Бугарија околу започнувањето на пристапните преговори со Европската унија. Едно од клучните прашања со кои се соочуваме е поврзано со историјата, но и со негирањето за бугарската држава за време на Втората светска војна, тие беа тие што го окупираа денешна Македонија. Тие беа оние кои за жал го организираа ова протерување на еврејската заедница и тие беа оние кои ги испратија во Треблинка.
Она што бараме од нив е да го одбележат и да признаат дека тоа се случило. За жал, она што го гледаме е целосно негирање и со употреба на силата на членството во Европската унија не присилува да ја смениме историјата на таков начин за да ги отвориме пристапните преговори. Верувале или не, она што од нас се бара е да ја смениме историјата, да го смениме идентитетот на земјата, на нацијата, дури и да преговараме за јазикот, само да ги започнеме пристапните преговори со Европската унија, користејќи го нивното членство во Европската унија да ја препишат историјата повеќе, би рекол учтиво за нив, но начин на кој е целосно лажен, кој не е вистина и е против историјата и е против она што се случи за време на Втората светска војна.
Би сакал да побарам овде од Стразбур, овие практики да се сменат, оваа недела се одржува Европскиот совет во Брисел каде ќе има средба и со лидерите на Западен Балкан, а барам и Бугарија да го промени своето однесување и да дозволи отворање на пристапните преговори, и да се соочат со реалноста, да се соочат со нивниот историски проблем, но и да се соочат со историјата каква што е и да се соочат дека постои нација која постои до нивната граница што се нарекува македонска нација и држава што е македонска. Само со прифаќање на заедничките вредности можеме да одиме понатаму и чекорот кој што може да го направи бугарскиот премиер за да дојде во музејот на холокаустот во Скопје и да побара една голема прошка од жртвите.