Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Почитувани,

45 македонски државјани поседуваат имоти во Дубаи, во вредност од 14 милиони евра, додека Македонија се дави во сиромаштија и во инфлација. Финансиските власти во Македонија со денови молчат. Молчи и Ковачевски, молчат и од СДСМ, а дали зад нивниот молк се крие нечие прикривање?

Да тргнеме со ред.

Во извештаите кои што ги објавија норвешките истражувачки новинари, а со помош на Центарот за напредни одбранбени студии со седиште во Вашингтон се откри голем број на олигарси, политичари и мафијаши ширум светот кои што засолниште за своите матно стекнати пари нашле во оваа земја со заштитничко законодавство кон сите кои ќе инвестираат и ќе ги однесат нивни пари таму.

Еден од најчестите патници Скопје – Дубаи и обратно е Трајче Заев, братучед на поранешниот премиер Зоран Заев, тој беше во овој град и кога неговиот шофер беше фатен во шверцот со кокаин во Прилеп, каде што остана во Дубаи и повеќе од еден месец бегајќи од новинарите.

Почитувани,

Дали презимето Заев е едно од сопствениците на имоти во Дубаи, колку пари чини тој имот и како е стекнат?

Зоран Заев, како поранешен премиер, но и СДСМ кои што се негови пиони треба да кажат дали Трајче Заев или некој од семејството Заеви поседува имот во Дубаи и за која цел?

Дали Заеви, но и дали актуелни политичари од СДСМ покрај имот во Дубаи се сопственици и на фирми во безцарински и нискоданочни зони? Доколку да, дали тие сметки се користени за вадење пари од тендери и од шемите низ Македонија?

Во владата и од СДСМ да не молчат. Ковачевски и Заев да излезат и да кажат дали и како се купени имоти во Дубаи?

Постави одговор

Your email address will not be published.