ЗЕЛЕНСКИ МОЖЕЛ ДА ИЗБЕГНЕ ВОЈНА? Уште во февруари му предложиле како да го реши конфликтот со Москва, но тој одбил!?
Украинскиот претседател Володимир Зеленски можеше да ја избегне војната доколку се согласеше на предлогот на германскиот канцелар Олаф Шолц.
Според Волстрит журнал, Шолц уште во февруари му предложил на Зеленски начин за решавање на конфликтот со Москва – Украина да не се приклучи на НАТО.
„На состанокот во Минхен на 19 февруари, Шолц му рекол на Зеленски дека Украина треба да се откаже од своите аспирации за НАТО и да прогласи неутралност како дел од поширокиот европски безбедносен договор меѓу Западот и Русија“, се вели во извештајот на Волстрит журнал.
Се истакнува дека тогаш било кажано дека „овој договор ќе го потпишат лидерите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден, кои заеднички ќе ја гарантираат безбедноста на Украина“.
Според овој весник, Зеленски ја отфрлил можноста за решение, велејќи дека мнозинството Украинци наводно го поддржуваат влезот на земјата во НАТО.
Како што беше нагласено, одговорот на украинскиот лидер „ги натерал германските власти да се загрижат дека шансите за мир бледнеат“.
Сепак, по почетокот на конфликтот, Зеленски призна дека Украина нема да стане членка на НАТО бидејќи и покрај постојаното тропање, постојано наидувале на затворените врати на Алијансата.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, одговарајќи на прашање на кинеската новинска агенција Ксинхуа, ја нарече политиката на САД и НАТО главна причина за кризата во Украина.