Спасовски тера матни дилови во МВР, мува не го лази што за 60 дена има 50 разбојништва во Скопје и 3500 кривични настани во Македонија

Оливер Спасовски, заеднички кандидат од СДСМ-ДУИ | Сител Телевизија

Компанијата „Инфинити“,  која директно се поврзува со претседателот на Република Српска, Милорад Додик,  во Македонија добила над 10 тендери вредни 1,5 милион евра, а најголемиот го добила токму од МВР на Оливер Спасовски.

МВР и „Инфинити“ во јануари годинава склучиле договор за набавка на компјутери во вредност од 1 милион евра. Со ова се загрозува безбедносниот сектор на Македонија, особено ако се има предвид дека компанијата е на црната листа на САД.

Очигледно Спасовски мува не го лази за диловите на МВР кои се скандалозни.

Впрочем него мува не го лази ниту за метазстазирањето на криминалот во Македонија. Само во овие 60 дена откако е реизбран за министер за внатрешни работи, освен матни зделки ништо друго не превзема. Во Скопје за овие 60 дена се случија 50 разбојништва, а низ цела македонија има 3500 кривични настани. Царува криминалот, а што друго и да се случува кога мафијата е власт во државата.