Руската војска: Имаме докази за вмешаност на Пентагон во воено-биолошки проекти во Украина

Chief of Russian Radiation, Chemical and Biological Protection Force Igor Kirillov Vadim Savitsky/Russian Defence Ministry/TASS

Руската армија тврди дека дошла до документарни докази кои потврдуваат дека Пентагон е вклучен во финансирањето на воено-биолошки проекти во Украина, изјави шефот на руските сили за заштита од радијација, хемиско и биолошко влијание, Игор Кирилов.

„Веруваме дека компонентите на биолошкото оружје се направени во Украина“, рече Кирилов, презентирајќи документ од 6 март 2015 година, кој ја потврдува „директната вмешаност на Пентагон во финансирањето на воените биолошки експерименти во Украина“.