Истите обвинители поради кои државава е најкриминална во Европа сега се со нов мандат, зошто седницата не се пренесуваше јавно?
Соопштение до јавноста во врска со изборот на обвинители во ЈО за организиран криминал
Почитувани,
Истите обвинители кои до сега не гонеа и штитеа организиран криминал, ќе треба да гонат криминал.
Со истите овие обвинители и оваа власт на СДСМ и ДУИ државава стана најкриминална во Европа според сите мерења. Тоа е заслуга на истите обвинители кои денес одново добија функција.
Ова се истите обвинители кои прогледуваа низ присти на Ден Дончев и го пуштија да избега откако претходно го виде цела јавност како зема мито.
Истите обвинители пуштаа на слобода и се откажуваа од гонење на осудени криминалци, мистериозно од затвор ослободуваа учесници во сообраајни несреќи, не го ни чепнаа Зоран Заев и целиот негов клан за сите тендери во РЕК, Рекети, случајот Дака и десетици други скандали.
Поради истите овие обвинители не му фали влакно на Оливер Спасовски кој делеше пасоши на криминалци и мафијаши кои доаѓаат од целиот свет, бандите и наркокартелите од Грчец се посилни од државата благодарение на истите овие обвинители.
И Рускоска да одговори зошто изборот на јавни обвинители не беше пренесуван јавно и целиот процес не беше транспарентен? Што сакаа да сокријат со изборот на ваквите обвинители?