Од 1 ноември до сега Ковачевски потроши 2 милиони евра на луксуз, затоа и не сака да прифати намалување на акцизата на горивата за 50%

Заев го промовирал Ковачевски како наследник

Од 1 ноември до сега Ковачевски потроши 2 милиони евра  на луксуз, затоа и не сака да прифати намалување на акцизата на горивата за 50%.

За само година ипол цените на горивата се зголемија за скоро 100%. Откако е СДСМ на власт акцизата за горивата е зголемена за 13.13 денари. Тоа се пари кои одат на сметка на буџетот. Доколку СДСМ и ДУИ го прифатија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на 50% на акцизата, буквално ќе се анулираше покачувањето кое е резултат на владеењето на СДСМ.

СДСМ и ДУИ не ја намалуваат акцизата затоа што не се откажуваат од полнење на буџетот.

Само за 5 месеци владата потроши 2 милиони евра за непродуктивни трошоци. Тие потрошија 250.000 евра или 15.400.000 денари за набавка на мебел во министерството за внатрешни работи.

СДСМ и ДУИ не го прифаќаат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за да трошат пари на луксуз. Само за кафе владата ќе потроши 3 милиони денари.

Ковачевски да не брка дневен популизам, и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за 50%.