Новото задолжување не носи во должничко сценарио на власта
Неодговорните политики на оваа Влада, заедно со секојдневите скандали како се трошат јавните пари нѐ втурнаа во должичко ропство. За неуспешните економски политики и луксузот во претходните две години оваа Влада кумулира 1,6 милијарди евра нов јавен долг, што заедно со планираното ново задолжување од 600 милиони евра за оваа година е вкупно 2,2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА НОВ ДОЛГ ЗА САМО ТРИ ГОДИНИ ИЛИ 2 МИЛИОНИ ЕВРА ДНЕВНО ПОСКАП МАКЕДОНСКИ ЖИВОТ.
Ова е македонскиот Монт Еверест, после кој не чека бездна. Товарот од неодговорните и неуспешни политики ќе го чуствуваат идните генерации, домаќинствата и бизнисите. Ова е долгот којшто секој еден од нас и нашите поколенија ќе треба да го враќа заради нивните фстаци, бадеми, кафиња, луксузни коли, фотели од биволска кожа, фиктивни софтвери, куферчиња со пари, распродажба на државно земјиште за ефтини средства и тендери во четири очи.
Да споредиме. Бројни критики за растот на јавниот долг имаше во мандатот на претходната влада. Сега, оние кои зборуваа никаде ги нема. А што е вистината? За 10 години на мандат на ВМРО-ДПМНЕ јавениот долг беше зголемен за 2,9 милијарди евра при три кризи: светска финансиска криза во 2009 година, должичка криза во еврозоната од 2011-2011 година и политичка криза предизвикана од шарената револуција во 2016 година. За разлика од успешното справување со минатите кризи, оваа Влада има катастрофални резултати во справувањето со кризите. Во 2020 година имавме длабока рецесија со пад на БДП од 6,1%, што е најдлабока по онаа од осамостојувањето и најлоша во однос на повеќето земји од регионот. Во 2021 година се опоравивме со 4% раст на БДП, што е најлошо остварување во споредба со земјите во регионот. Во 2022 година ќе бидеме во стагфлација, низок раст и инфлација. Од почетокот на пандемијата, бројот на вработените во приватниот сектор е намален за околу 28.000 лица, но затоа не го сопреа вработувањето на нови партиски војници во јавиот сектор – нивниот број порасна за околу 14.300 лица.
Реализацијата на капиталните расходи е исклучително ниска, нема никаква градежна активност од државата. Капиталните расходи секоја година при носењето на буџетот се надуен балон кој на крајот се издишува. Така ќе биде и за 2022 година. Оправудувањето дека кратењето на капиталните расходи е заради обезбедување на средства за справување со кризи не држи во јавноста којашто гледа дека Владата за сите овие години не штеди, не се откажа од непродуктивните трошења и сомнителни набавки. Немаат странски дирекни инвестиции ниту некаква стратегија за привлекување, и тука се последни во регионот. Инфлацијата го коси стандардот на граѓаните, а стабилизација беше целосно закаснета. И сега пак високо задолжување?
Доколку издадат нова еврообврзница од 600 милиони евра, вкупниот износ на издадени еврообврзници за мандат на оваа Влада ќе биде 2,5 милијари евра, износ којшто треба да се покрие со идните буџети или пак да се рефинансира. Овој износ е речиси двојно повисок од 1,39 милијари евра издадени еврообврзници во мандатот на претходната влада од 10 години.
Иднината на сите нас ни е загрозена. Фискалниот простор е исцеден, а потребите за рефинасирање на долгот се двојно зголемени и не втурнуваат во должичко ропство. Фстаците и бадемите од страна на оваа Влада се изедоа, ама училиштата, градинките, стадионите, спортските сали, патиштата, странските директни инвеститори од претходната Влада останаа.