Разговорите Русија-Украина завршија без напредок за прекин на огнот и хуманитарни коридори

Russian Foreign Minister Sergey Lavrov and Ukraine's Foreign Minister Dmytro Kuleba attend a tripartite meeting hosted by Turkish Foreign Minister Mevlut Cavusoglu at the Antalya Diplomacy Forum in Antalya, Turkey, on March 10.

Средбата меѓу украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Турција заврши без постигнат договор за хуманитарни коридори или прекин на огнот.

Кулеба рече дека ја покренал можноста за воспоставување хуманитарен коридор за да им се овозможи на цивилите да избегаат од опколениот град Мариупол, но „за жал министерот Лавров не бил во позиција да се посвети на тоа“.

На прес-конференцијата по краткиот состанок, Кулеба рече дека 24-часовен прекин на огнот исто така бил покренат со цел „да се решат најитните хуманитарни прашања“, но тој рече дека тие „не постигнале напредок“ по ова прашање „бидејќи се чини дека постојат други носители на одлуки за ова прашање во Русија“.

Кулеба рече дека се согласиле да продолжат со напорите „да бараат решение за хуманитарните прашања на терен“ и додаде дека е подготвен повторно да се сретне „во овој формат доколку има изгледи за суштинска дискусија и барање решенија“.

Лавров, пак, потврдил дека се разговарало за хуманитарните коридори и дека планот е и натаму да биде организирана евакуација на цивили. Посочил дека на последните преговори меѓу делегациите од двете земји одржани во Белорусија, на Украина и биле дадени отворени предлози, но и натаму се чека на одговорот од Киев.

Рускиот министер нагласи дека рускаата операција во Украина тече според планираното. Потенцираше дека е опасно што Украина е снабдувања со оружје, особено ракетни системи, бидејќи може да бидат искористени од терористи.

Во однос на санкциите кои Западот и ги воведе на Русија, Лавров истакнал дека земјата тоа може да го издржи.