Граѓаните незаштитени, ограбена банка од страна на полицаец и ослободен нарко бос, работи ли нешто МВР?

Обезбедени 15 моторцикли PIAGGIO... - Oliver Spasovski | Facebook

Подземјето царува со државата, а грабежи, пукотници, убиства и криминал се секојдневие. Јавноста со право се прашува дали МВР работи нешто и дали полицијата е само нем сведок на анархијата која директно ја загрозува безбедноста на граѓаните.
Последниот во низата скандалозни настани е грабежот на банка во центарот на Скопје во кој учествувале полицаец и наркобос  кој требало да биде во куќен притвор. Овој грабеж се случи дрско среде бел ден и имало и користење на огнено оружје, што кажува дека ограбувачите се чувствувале заштитени.  За јавноста веќе не е изненадување тоа што дел од полицијата на Спасовски е во коалиција со криминалот, ама дека рака под рака заедно ограбуваат банки, тоа веројатно не го знаеле.

Нарко босот кој учествувал во ограбувањето на банката беше дел од бегалците од големата акција Планина, а замислете кога го фатиле му одредиле куќен притвор, што го искористил да си планира нови криминали. Замислете нарко бос кој проби полициска акција, беше во бегство, па беше фатен, па призна вина и доби затвор под законскиот минимум, по што беше пуштен во домашен притвор, среде бел ден со огнено оружје ограби банка.

Да потсетиме дека пред извесно време Кичеец наместо да биде во притвор учествуваше во сообраќајка со смртни последици, а Рашковски наместо во притвор се шеташе слободно низ скопските улици.

Има ли поредок во Македонија? Има ли владеење на правото?  Многу нормално е кога мафијата на СДСМ и ДУИ е на власт, сите криминалци да се чувствуваат комотно и безбедно. Криминалците се заштитени, а граѓаните небезбедни.