Владата итно да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за 50% помала акциза за горивата, народот е жртва на неспособна и криминална влада
Власта на СДСМ и ДУИ прво убедуваше дека нема да има поскапувања, па потоа дека тие нема да се одразат на стандардот на граѓаните.
Да биде уште потрагично, власта се фали дека имале информации за кризата од пред 4 месеци, а сепак ништо не презеле да превенираат.
Последните поскапувања на горивата уште повеќе ќе ја разгорат инфлаторната спирала во Македонија. Горивата на година ипол поскапеа за над 80% и имаат директна импликација врз цената на транспортот, храната, услугите и производите кои ги користат граѓаните. Но власта на СДСМ и ДУИ абер нема да ги намали акцизите и таксите со цел да им излезе во пресрет на граѓаните и стопанството.
ВМРО-ДПМНЕ бара итно и неодложно прифаќање на мерката за намалување на акцизата кај горивата за 50%, со која дизел горивото ќе поевтини за 9,5 денари, а бензините за цели 13 денари.
Дополнително бараме да се намали данокот на додадена вредност за производите за исхрана и за топлинската енергија, односно парното да бидат со 0%, а ДДВ за електричната енергија да биде 5% и во остатокот од 2022 година.
Ова значително ќе го намали ценовниот шок и ќе го заштити стандардот на граѓаните.