Покачувањето на пензиите кое го нуди владата не покрива ниту еден ден во месецот, ВМРО-ДПМНЕ бара пензиите да пораснат за 20%
Додека пензиите во Србија се зголемуваат за 170 евра, а во Словенија за 150 евра, владата администрирана од Ковачевски се фали со помош од 1.000 денари за пензионерите.
Дополнително, истата влада на СДСМ и ДУИ која го укина моделот за пресметување на пензиите според просечната плата и цели 3 ипол години им крадеа на пензионерите од пензиите, сега го враќа истиот модел ама го преставува како швајцарски.
Страмно и бедно. Се фалат дека ќе зголемуваат пензии, а претходно им зедоа на пензионерите десетици илјади денари. Патем покачувањето кое сега го даваат не е ни половина од растот на инфлацијата која ја има Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ побара, а власта на СДСМ и ДУИ одби предлог за раст на пензиите од 20%, бидејќи на таков начин ќе се амортизираа поскапувањата кои денес се случуваат. Ако власта се прави дека не гледа, граѓаните гледаат дека млекото е поскапо за 22%, брашното за 38%, зејтинот за 46%, струјата за над 30%, а горивата за над 80% и покачувањето кое го предлага владата не е доволно ниту еден ден во месецот да се покрие.