Почнавме со изградба на ново основно училиште и нов парк во Бутел, наскоро започнуваме со реконструкција на улицата Бутелска
Општина Бутел добива сосема нова димензија на функционирање, успеавме да ја отвориме кон сите граѓани, успеавме да создадеме тим кој неуморно и целосно се посветува на интересите на граѓаните и граѓаните го забележуваат тоа уште во првите 100 дена. Искрено чесно и со многу труд за многу кус период успеавме да поставиме нови стандарди за работа. Уште само во првиот месец успеавме целосно да проектираме и реализираме проекти во вредност од над 13 милиони денари. Администрацијата за многу кусо успеавме да ја направиме многу поефикасна а граѓаните многу позадоволни, потенцираше Дарко Костовски, градоначалник на општина Бутел на денешниот регионален отчет „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.
Костовски истакна дека изминатите 100 дена исчистени се 26 големи депонии, а целосно е исчистено и коритото на реката Серава во потегот на Радишани.
-Во период од 100 дена успеавме да исчистиме 26 големи депонии, на истите места поставивме табли со натписи за забрането фрлање на шут и отпад и телефонски број каде што може да се пријави лице кое фрла отпад. Целосно го исчистивме коритото на реката Серава во потегот на Радишани од мостот па нагоре во должина од еден километар, моментално изготвуваме проектна документација градба на корито со помош на Град Скопје и изградба на трим патека со клупи, вели тој.
Костовски додаде дека во населените места Бутел 1 и Радишани се изградени две нови ултрамодерни игралиштта за баскет, додека пак во образованието се инвестирани 10 милиони денари.
-Во населените места Бутел 1 и Радишани изградивме две нови ултрамодерни игралишта за баскет, со лиценцирана подлога и реквизити од ФИБА. Во образованието инвестиравме 10 милиони денари, купивме 33 интерактивни табли за основните училишта, опремивме 3 целосно нови кабинети по информатика, нагласи тој.
-Во градинките вложивме 3 милиони денари, купивме 2 интерактивни табли специјализирани за предшколска возраст, целосно опремивме десет занимални со сите потребни реквизити за успешна настава. Изградивме две детски игралишта. Започна со градба основното училиште во Визбегово, капитален проект кој е повеќе од потребен во ова населено место. Целосно беше реновирана спортската сала во ОУ Живко Брајковски, кажа Костовски.
Костовски истакна дека реновиран е и пензионерскиот клуб во населеното место Љуботенски пат, а во соработка со Град Скопје е започната изградба на парк во населеното место Расадник, паркот се простира на 3000м2 првата фаза е при крај, во текот на следнава недела започнуваме со втората фаза.
Целосно беше реновиран пензионерскиот клуб во населеното место Љуботенски пат. Заедно со градот Скопје започнавме со изградба на парк во населеното место Расадник, паркот се простира на 3000м2 првата фаза е веќе завршена, втората фаза треба да започне во текот на неделата која што следи.
Костовски додаде дека во следниот период следува градежна експанзија на сите полиња.
-Она што со гордост можам да го најавам е решавање на децениски проблеми во Општина Бутел. За многу скоро ќе почне целосна реконструкција и нов асфалт на улица Бутелска. Изградба на корито и трим патека на река Серава во Радишани, трим патека и на некои други места каде што веќе има изградено корито. Целосна реконструкција и нов асфалт на улица Скоевска во населба Радишани. Проектирање и се надевам оваа година целосна реконструкција на улица Радишанска. Изградба на нова детска градинка Св. Климент Охридски. Асфалтирање на десетина поголеми улици во сите населени места, фекална и атмосферска канализација во најприоритетните места. Реконструкција на неколку целосно заборавени спортски објекти во општина Бутел, рече тој. Целосно менување и поставување на нова ограда во Училиштето СВ. Климент Охридски. Нови паркови на различни локации во општина Бутел .Во партнерство со граѓаните ќе променуваме фасада и кровови на станбените единици во нашата Општина, веќе направивме стратегија како тоа да се изведе. Ќе има голема поддршка за спортот, помош за спортските клубови и стипендии за најуспешните спортисти. Стипендии за најуспешните ученици во основните училишта, изјави градоначалникот Костовски.