Проектот “Обнова на Македонија” на ВМРО-ДПМНЕ претставен во моќно видео
ВМРО – ДПМНЕ на претстојните Парламентарни избори ќе се претстави и ќе понуди прецизен , реален и остварлив проект за сите граѓани на Република Македонија.
Погледнете го и запознаете се со проектот Обнова на ВМРО-ДПМНЕ ! Носителите на листите заедно со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, за момент ќе ве инспирираат да ја замислите Македонија со :
- нови регионални , магистрални и локални патишта.
- Македонија правна држава со успешна економија
- Реновирање на училишта, клинички центри како и повисоки плати на просветните и здраствените работници
- Силни инвестиции во културата
- 25% повисоки плати
- 20 % повисоки пензии
“Македонија врз цврсти темели! Да живееме исправено! Правдата во Македонија ќе дојде со обновата.” – ветуваат носителите на листата на ВМРО-ДПМНЕ.
“Проектот „Обнова“ е правен од најдобрите, прецизен, реален и остварлив. Правен со добра мисла и најдобра намера. Правен од срце и за Македонија. Затоа со срце на терен, да се исправиме, да се избориме обновата да победи, и да донесеме повеќе за секого и повеќе за Македонија” . – апелира Претседателот Христијан Мицковски