Ако државата има доволно стокови резерви на пченица, тогаш зошто владата не ги пушти во оптек за да спречи зголемување на цените на брашното и лебот?!
Ако државата има доволно стокови резерви на пченица, тогаш зошто владата не ги пушти во оптек за да спречи зголемување на цените на брашното и лебот?!
Владата тврди дека во државата има доволно стокови резерви на пченица, но ништо не преземаа за да го докажат тоа.
Наспроти тврдењата на владата, излезе претседателот на Србија, и кажа дека ќе одвои 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка за Македонија. И дека тоа било на барање на владата од Македонија.
Откако излезе оваа изјава СДСМ излезе со конфузни ставови, од има пченица, до нема, па се до, ако сакаат нека дадат.
Владата е целосно неодговорна и во очи на светска криза се однесува како маркет пред ликвидација.
Владата да преземе веднаш мерки и са пушти пченица во оптек доколку ја има, со што ќе го спречи покачувањето на цените на брашното и лебот кое веќе почна, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.