ПУТИН НАРЕДИ: Завршувајте за 72 часа!
„Имаме доволно сила и ресурси да направиме се што ќе си поставиме“, рече рускиот претседател
Рускиот претседател Владимир Путин нареди специјалната воена операција, како што Кремљ ја нарекува оваа агресија, да заврши во Украина во рок од 72 часа. Според бројни разузнавачки извори и од Истокот и од Западот, Путин ја донел оваа одлука за да избегне натамошни страдања и голем број цивилни жртви во Украина.
Ова практично го навести и самиот руски претседател во вчерашното обраќање по средбата со жените од летачкиот екипаж на руските авиокомпании.