ПОСИЛНИ ОД ПРЕДРАСУДИТЕ – Утре во Штип протестен марш организиран од Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ
Претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, на својата официјална страна го најави протестниот марш за утре, 05.03.2022 во Штип по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената.
Таа напиша:
„Протестен марш во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
Утре 05.03.2022 година (сабота), 12:00 часот во Штип.
Ги повикувам жените да го кренеме гласот против оваа ненародна власт.
Заедно да испратиме порака дека сме посилни од предрасудите“!