3 години од несреќата кај Ласкарци

Делегација на општина Гостивар на чело со градоначалникот Арбен Таравари денес го посетија местото на несреќата кај Ласкарци, каде пред три години се случи сообраќајна несреќа, каде животот го загубија 16 патници во автобусот.

Автобусот на компанијата Дурмо Турс, на 13 февруари во 2019 година тргна на редовна линија кон Гостивар од скопската автобуска станица. Во автобусот имаше 51 патник. По половина час возење, автобусот изгуби контрола и од излета од коловозот преминувајќи го автопатот, за на крај да се преврти и падне на локалниот пат кај селото Ласкарци.

Сеуште се води судски процес во Кривичниот суд во Скопје за оваа несреќа.