ИК на ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на општински комитети, а Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

На денешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донесени кадровски решенија за повеќе од 30 претседатели на општинските комитети, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

 -Дел од назначените претседатели се докажани искусни кадри кои со своето работење имаат придонесено за развој на локалната заедница од каде потекнуваат, а дел од нив се нови лица кои ќе донесат свежина во средината и нови успеси за општинските комитети, ВМРО-ДПМНЕ со новите кадровски решенија продолжува со подобрувањето на животот на граѓаните, на локално и централно ниво, се вели во соопштението.

Во продолжение имињата на новите претседатели на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ:

ИЕ4

  1. Росоман – Ѓорѓи Крстевски
  2. Демир Капија – Андон Дрнев
  3. Неготино – Павлинче Честојнова
  4. Кавадарци – Тони Нешковски
  5. Гевгелија – Димитар Вегов
  6. Валандово – Јулија Тушевска
  7. Богданци – Марјан Пеев
  8. Дојран – Илија Тентов
  9. Струмица – Методија Пасков
  10. Босилово – Мито Андонов
  11. Ново Село – Петар Марков
  12. Василево – Славе Андонов
  13. Конче – Ацо Митев
  14. Радовиш – Бојан Митевски
  15. Могила – Драганчо Саботковски
  16. Кривогаштани – Александар Богданоски

ИЕ5

  1. Демир Хисар – Ненад Шундовски
  2.  Долнени – Сашко Велјановски
  3.  Крушево – Пеце Стојчески
  4.  Ресен – Кире Божиновски
  5.  Охрид – Сашо Донев
  6.  Дебарца – Златко Силјановски
  7.  Струга – Ален Деребан
  8.  Вевчани – Ѓорѓи Влајнкиноски
  9.  Дебар – Афет Амедоски
  10. Центар Жупа – Денис Хасан
  11. Маврово и Ростуше – Мевмед Џафери
  12. Пласница – Луме Адемоглу
  13. Боговиње – Алишериф Синани.

На 19-ти мај, беше донесена одлуката за нови претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ во изборните единици 1,2,3 и 6.

-ВМРО-ДПМНЕ со овие кадровски решенија ја гради иднината на државата, како на локално, така и на централно ниво, рекоа тогаш од пртијта.

Изборот на новите раководства се толкува како дел од пошироката стратегија за реорганизација и мобилизација на локалните структури по одличните изборни резултати кои владејачката партија ги доби на минатите изборни циклуси.

На вечерашната седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ беа потврдени и одлуките за новите претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, дополнително беа усвоени нови 3 членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев.

Миле Лефков е пратеник во македонското собрание, кој доаѓа од Кочани и претходно беше дел од извршниот комитет, искусен и докажан кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Бобан Стефковски е актуелен градоначалник на општина Гази Баба, кој донесе историски најдобар резултат на ВМРО-ДПМНЕ како кандидат за градоначалник и претседател на општинскиот комитет. Човек од збор кој има реализирани голем број на проекти во интерес на граѓаните.

Зоранчо Јованчев е пратеник во собранието и поранешен претседател на ОК Кавадарци. Докажан кадар кој со своето искуство ќе придонесе кон нови победи на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ се реструктуира и реорганизира за да донесе нови успеси за Македонија.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK