ВМРО-ДПМНЕ со убедлива предност пред СДСМ и сите останати партии
ВМРО-ДПМНЕ води речиси тројно пред СДСМ на трите анкети кои партијата за свои потреби ги направила во мај.
Според резултатите од анкетите, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 25,2 проценти од вкупната популација или 42 проценти од определените, за СДСМ 8,6 од вкупната популација или 14,4 проценти од определените граѓани.
Од анкетираните, 8 проценти од вкупната бројка се изјасниле дека ќе гласаат за ДУИ, односно за оваа партија би гласале 13 проценти од определените.
За ВЛЕН гласот би го дале 7 отсто од вкупниот број, а 11,5 отсто од определените граѓани. Во третата анкета што партијата ја прави кон крајот на месецот позитивен скок имало кај ВЛЕН и тогаш партијата води пред ДУИ. За ЗНАМ на анкетата се изјасниле 2,3 проценти од вкупниот број, а 3,85 од определените, додека за Левица 6 проценти од вкупната бројка, а 10 проценти од определените.
Генерално правиме три анкети месечно, две телефонски и една теренска со тоа што едната теренска се прави во првата половина, другата во втората, а на средина телефонската. Потоа вадиме некаков просек и овие бројки се просекот за трите анкети на правени во мај, рече премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите.
За мај сите три анкети се работени од три различни куќи.
Влегуваме во втора фаза од нашиот мандат и јас сметам дека секоја партија треба да биде подготвена или да се подготвува за избори во овој перод од владеењето, иако ние сметаме дека ќе одиме на регуларни избори во 2028 година, рече Мицкоски. Тој истакна дека секоја сериозна партија на време и сериозно се подготвува за избори.
Најави дека во среда ќе има Извршен комитет на партијата и оти од наредната недела ќе почне со разговорите со коалициските партнери за реконструкција на Владата. Очекува до крај на јуни да заврши процесот на договарање во рамки на коалицијата. Може да има, рече, промени во неколку ресори, но и можни ротации
Comments are closed.