Филипче „ударнички“ го одбележа 1 Мај во Рим, од таму мисли за работниците и се секира за Македонија, какво лицемерие

Венко Филипче е лицемер кој пет пари не дава за работниците ниту за државните интереси. Тој први мај го прослави ударнички од Рим, преку лет Скопје-Франкфурт Франкфурт-Рим, како што пренесоа и открија медиумите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Денес нема да излезе на прес-конференција, затоа што е на продолжен викенд и мисли за Македонија од Рим. Немаме против патувањата на Филипче, но имаме против да се прикажува за лажен душегрижник за работниците, стандардот и иднината на Македонија од странство и живеејќи живот како џет сет плејбој. Лицемер е мал збор за ваков човек, се вели во сооптението на ВМРО-ДПМНЕ.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK