Само за да дојде на власт Филипче е спремен да го прифати секое барање на Бугарија и да ги распродава националните интереси, како што Заев би продавал лубеници на пазар
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Филипче, како што наведуваат, „станал пиун на бугарскиот претседател Румен Радев“ и го обвинуваат дека активно се залага за уставните измени, додека, според нив, молчи на изјавите од бугарски официјални претставници поврзани со македонскиот идентитет и јазик.
Во реакцијата, партијата наведува дека Филипче тврдел оти Бугарија не го негира македонскиот национален идентитет, иако, како што посочуваат, дел од бугарските власти изнесуваат ставови дека македонските револуционери и историски личности биле Бугари, а македонскиот јазик имал бугарско потекло.
ВМРО-ДПМНЕ во соопштението упатува критики и кон поранешниот претседател Стево Пендаровски, како и кон други функционери блиски до СДСМ, оценувајќи дека нивните ставови не се разликуваат од бугарските позиции.
Партијата дополнително обвинува дека политиките на Филипче и СДСМ се „погубни за државата“ и дека поради тоа партијата бележи пад на рејтингот. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека СДСМ се соочува со сериозен пад на поддршката кај граѓаните и предупредуваат дека на следните избори може да освои „едноцифрен број на пратеници“.
Comments are closed.