Против кого протестираат децата на функционерите на ДУИ? Против своите родители или против последиците?
Денес гледаме еден политички парадокс: луѓето кои со години ги контролираа институциите, денес преку своите деца протестираат за проблемите што самите никогаш не ги решија. Кога ДУИ имаше министри, пратеници и апсолутна власт, зошто молчеа за овие неправди? – велат од ВРЕДИ.
-Никој не е против студентските протести. Но кога студентските каузи се користат за политичко враќање на истрошени фигури, тогаш граѓаните имаат право да се сомневаат, се наведува во нивното соопштение.
Од ВРЕДИ порачуваат дека студентите заслужуваат решенија, а не политичка манипулација.
Comments are closed.