Главни соработници на бугарската пропаганда во Македонија се Венко Филипче, специјалниот пратеник на Румен Радев за Македонија, заедно со Рубин Земон

Стигна потврда за она што веќе со недели го говориме, а тоа е соработката на Венко Филипче и СДС со бугарските власти, со единствена цел – внесување на Бугарите во Уставот, што ќе биде првото од многуте барања кои потоа ќе ги има Бугарија, а се однесуваат на идентитетот, јазикот, културата и историјата, истакна Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

На фотографијата зад мене, го гледаме Рубин Земон, членот на ИО на Филипче, кој вчеравечер и си поднесе оставка од истата функција, кој јасно на бугарски поткаст велеше дека Гоце Делчев е мит и дека не направил ништо за Македонија. Рубин Земон на фотографијата е на средба со Виктор Стојанов од Фондацијата „Македонија’’. Станува збор за оспорена невладина организација којашто функционира во Македонија.

Фондацијата има за цел ширење на бугарска пропаганда во Македонија, а е позната по ксенофобски испади, и гледишта дека македонскиот народ и македонската историја се под бугарска историографија. Или во кратки црти, оваа фондација и нејзиниот претседател велат дека Македонија и Бугарија се еден народ во две држави, како што и велеше врховниот лидер на СДС, Зоран Заев.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK