Владата го одби предлогот на Филипче за референдум – Да не трошиме време и пари на граѓаните, видовме во 2019 година како СДСМ го замислува референдумот без гаранции
Владата го одби предлогот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, да се распише референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за уставни промени за внесување на Бугарите, со цел да продолжи европската интегтација на Македоника.
„Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело. Впрочем, укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ, отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада. А како изгледа кога СДСМ се залага за референдум без гаранции за европската иднина, граѓаните можеа да видат низ пластичен пример од последниот референдум организиран 2019 година“, соопшти Владата.
Тие и денес продолжуваат да бидат меко ткиво на македонскиот идентитет, се додава во соопштението.
Comments are closed.