Земал ли Заев 4 милиони евра мито за „бетонската џунгла“ во Тетово?

Во аудио снимката во која прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака разговара со посредникот на Заев, Зоран Милески – Кичеец, Дака му вели на Кичеец дека ако се спроведе работата, тој ќе им даде 2 милиони, а друг ќе им даде уште 2 милиони евра.

Во снимката која е достапна на социјалните мрежи се слуша дека Заев ќе заработи 4 милиони евра доколку се изгради бетонската џунгла во Тетово, која требала да биде со околу 2.000 станбени единици со проценета вредност од 200 милиони евра, порача утрово ВМРО-ДПМНЕ.

„Земал ли Заев мито од 4 милиони евра од Дака? Каде завршиле овие пари? Дали трансакциите од овие средства водат до Дубаи каде Заев и Филипче градат висококатници и дали со дел од овие средства купуваа акции во индиски авиокомпании?

Зошто Заев и Филипче молчат на оваа тема?

ЈО да ги истражи овие индиции за криминал и поткуп вреден 4 милиони евра. Граѓаните имаат право да ја знаат вистината а институциите имаат обврска да обезбедат правда и отчетност.

Апелираме до институциите да го преиспитаат случајот и да постапат согласно со законите во интерес на правдата и владеењето на правото“, вели владејачката партија.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK