Данскиот селектор не ги открива картите, но затоа порача: Се гледаме на Светско првенство
СпортСпорт во Копенхаген, Огнен Чак Дојчиновски
Данската фудбалска репрезентација е подготвена за дуелот против Македонија, кој значи еден чекор до пласман на Светското првенство. Селекторот, Брајан Ример на официјалната прес-конференција пред утрешниот меч во Копенхаген потврди дека Микел Дамсгард ќе биде во составот.
„Нема проблеми во составот. Имавме „Дамс“ кој само требаше да биде прегледан. Но, тоа беше главно затоа што имаше период од минатата недела, каде што мораше да си замине со мал притисок на внатрешната страна на коленото. Моравме да го направиме тоа на правилен начин. Тој тренираше добро и убаво денеска и е подготвен“, вели Брајан Ример.
Ример не сакаше да открие ништо за почетните 11, бидејќи неколку од данските играчи сè уште не знаат дали ќе започнат во Паркен или не.
Comments are closed.