(ВИДЕО) Владина делегација пристигна во Унгарија: Мицкоски и Николоски на првиот лет од новата авиолинија Скопје – Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска отпатува во Будимпешта со лет на „Визер“. Со овој потег, тој симболично ја промовираше обновената авиолинија која повторно ги поврзува двата главни града, истакнувајќи ја важноста на меѓународната соработка.

Мицкоски потенцираше дека ваквите проекти се клучни за ефикасно функционирање на државата и нејзино отворање кон Европа.

„Повторното воспоставување на линија Скопје – Будимпешта претставува значаен чекор кон подобрување на регионалната поврзаност, економската соработка и развојот на туризмот.

Дополнително, македонските граѓани можат слободно да патуваат, што значително ќе ја олесни мобилноста, ќе поттикне културна размена. Ваквите иницијативи се важен чекор кон зајакнување на меѓународната соработка и приближување кон европските стандарди, напиша Мицкоски.

Авиосообраќајот во Македонија веќе втора година бележи силен подем, а веќе од почетокот на годината бележиме нов раст на бројот на патници од 30 %, објави на социјалните мрежи министерот за транспорт Александар Николоски.

 

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK