Хуманоста на дело: Стојан Илчевски од Велес, кој годинава го фати Чесниот и Животворен Крст на празникот Богојавление, пред Прочка ќе подели 500 оброци
Возљубени,
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, на 21.02.2026 година (сабота), во дворот на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, ќе бидат поделени 500 оброци со храна и пијалоци. Оваа трпеза на љубовта, во чест на денот на простувањето, ќе ја принесе младото момче Стојан Илчевски од Велес, кој годинава го фати Чесниот и Животворен Крст на празникот Богојавление, положен во водите на реката Вардар. Оваа негова иницијатива е поддржана од неговиот брат Оливер и неговите другари Тодор и Виктор Колодезни, Мартин Ѓеорѓиевски и Димитар Петров, сите од Велес, со кои заедно годинава влегоа во осветените води на реката Вардар.
Овој дар, кој срдечно го принесуваат, нека им биде застапништво за добро здравје пред престолот на Севишниот, а Бог нека ги утврди во силна вера и нека им ги умножи овие благочестиви дела.
Сите се добродојдени!
21.02.2026; 10.00 часот.
Comments are closed.