Измамен Кумановец – платил 43.750 евра за криптовалути на продавач од Велес, останал и без пари и без криптовалути

Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес работи на расчистување на огромна измама пријавена од 48-годишен жител на Куманово.

Тој, преку оглас на социјалните мрежи за откупување на криптовалути, стапил во контакт со лице со кое договорил трансакција во крипто-менувачница во Велес.

Оштетениот предал сума од дури 43.750 евра, по што вработениот во менувачницата го уверил дека средствата се префрлени на неговата дигитална адреса.

Сепак, криптовалутите никогаш не пристигнале, а лицето со кое преговарал потоа го блокирал и својот број и телефонскиот број на менувачницата.

Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, соопшти СВР Велес.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK