Гоце Наумовски избран за нов уставен судија
Со 63 гласа „за“, седум против и без ниту еден воздржан Собранието денеска го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија.
По изборот, Наумовски даде и потпиша свечена изјава во Собранието, со која се обврза дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно и ќе ги почитува Уставот и законите.
Без расправа и со 68 гласа „за“, како и без ниту еден против и воздржан, Собранието на денешата 85. седница ја донесе и одлуката за давање овластување за склучување поединечен колективен договор, поднесен од претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Новиот уставен судија Наумовски е еден од респектираните македонски правни научници, со долгогодишно искуство во областа на римското и европското право, како и во интелектуалната сопственост и правната аргументација. Проф. Наумовски има објавено бројни научни трудови во домашни и меѓународни списанија и активно учествува на европски и светски конференции.
Препознатлив е и по својата европска академска вмреженост, учество во меѓународни истражувачки проекти и соработка со повеќе универзитети и правни институти во Европската Унија. Како професор, со години е посветен на едукација на нови генерации правници, со насоченост на владеењето на правото, уставните вредности и правната сигурност.
Comments are closed.